Се излеа Вардар кај Велес!
Објавено на 27 февруари, 2013 во 08:40
Поплавени се градините и дел од објектите во населба Шорка, централниот градски парк, паркот кај Железен мост и дел од кејот кај Мало мовче.
Ноќеска, еден час по полноќ, голем воден бран надојде во коритото на реката.
Вардар се излеа на неколку локации во централното градско подрачје.
Поплавени се градините и дел од објектите во населба Шорка, во населбата Речани, централниот градски парк, паркот кај Железен мост и дел од кејот кај Мало мовче.
Екипа на Дума.мк е излезена на терен и подготвува материјал за поплавите и штетите на велешани./E.Н.Ј