Велешанец физички го нападнал својот татко
Објавено на 11 декември, 2023 во 12:16
Триесет годишниот Б.Н од Велес, вчера, во 08:35 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес. Тој во семејната куќа по претходна расправија физички го нападнал својот 66 годишен татко.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информира дека за настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк