Велешанец измамен од едно лице за сума од 18.000 денари

Објавено на 7 декември, 2022 во 12:06

Педесет и три годишен жител од Велес, во Полициска станица Велес, пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 18.000 денари. Како што пишува во дневниот билтен на Сектор за внатрешни работи Велес, лицето му се јавил на велешанецот и побарало од него да му организира превоз на возило од Росоман поради случена сообраќајна незгода.

Исто така, според пријавеното во полициска станица, откако се договориле лицето повторно му се јавило и од него побарало на такси возач од Кавадарци да му даде 18.000 денари кои биле потребни за лекување на девојче во сообраќајната незгода.

Велешанецот пријавил дека откако ги предал парите отишол на местото и повеќе пати го барал лицето коешто не му одговарало на повиците. Тогаш сфатил дека е измамен.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.