Велешанец му се заканувал на адвокат, полицијата го лишила од слобода
Објавено: 2 декември, 2025, во 12:45 часот
Полициските службеници, вчера вечер, постапиле по пријавата на адвокат од Велес за закани коишто му ги упатил четириесет и едно годишен сограѓанин.
„На 01.12.2025 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Л.Н.(41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани кон 40-годишен адвокат од Велес. Л.Н. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


