(Обновено) Се врати дома пријавениот Велешанец за исчезнат
Објавено: 8 август, 2025, во 11:44 часот
Педесет и три годишниот В.К од Велес е пријавен за исчезнат. Неговата три години помлада сопруга Б.К вчера, во 20:50 часот пријавила во Сектор за внатрешни работи Велес дека нејзиниот сопруг се оддалечил од нивниот дом и не се вратил.
Од СВР Велес соопштија дека се преземени соодветни мерки за пронаоѓање на лицето и во тек е потрага по него.
13:04 часот – Сектор за внатрешни работи Велес соопшти дека Б.К.(50) од Велес, која што пријавила дека нејзиниот сопруг В.К.(53) вчера вечер, во 20:50 часот се оддалечил од домот, денеска повторно пријавила дека веќе се вратил во својот дом. Тој бил во добра здраствена состојба.
Дума.мк

