Велешанец се обидел да ја нападне својата мајка со остар предмет, друг физички ја нападнал девојката и нејзината сестра

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, на 19 јуни, биле пријавени два случаи за физички напад.
Четириесет и шест годишна жена пријавила дека во семејниот дом нејзиниот дваесет и седум годишен син А.К физички ја нападнал и се обидел да ја нападне и со остар предмет. Полициски службеници го лишеле од слобода и го задржале во полициска станица а за настанот бил известен јавен обвинител. Од СВР Велес соопштија дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, вечерта во 21:00 часот во Полициска станица Велес бил извршен службен разговор со дваесет и две годишниот М.С од велешко село. Тој претходно пред објект на велешко езеро „Младост“ физички ги нападнал неговата 19 годишна девојка и нејзината четири години повозрасна сестра.
-По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк
