Велешанецот Јовица Андовски заменик министер за здравство
Објавено на 24 јули, 2024 во 16:30
Велешанецот Јовица Андовски е заменик министер за здравство и на оваа позиција исто така беше во период од 2011 до 2017 година. Андовски е вработен во Центар за јавно здравје Велес а по професија е дипломиран економист. Тој е роден на 19 јануари 1979 година во Велес и е кадар на Социјалистичката партија. Инаку, со мнозинство гласови пратениците во собранието на Република Македонија ги изгласаа замениците министри и на други институции.
Во актуелната Влада има и тројца министри велешани поточно Зоран Љутков кој е министер за култура и туризам, Љупчо Димовски кој е вицепремиер и министер за политички систем како и Панче Тошковски кој е министер за внатрешни работи.
Дума.мк