Велешани и утре, сабота, ќе може да ги подигнуваат готовите лични документи
Објавено на 31 мај, 2024 во 12:05
Сектор за внатрешни работи Велес известува дека утре, 1 јуни, ќе работи Одделот за граѓански работи и граѓаните ќе може да ги подигнуваат своите изготвени лични документи.
Пасошите, личните карти и возачките дозволи ќе може да се подигнат во временски период од 08:00 до 15:00 часот.
Дума.мк