Велешанка му се заканувала на својот сопруг
Објавено на 28 јуни, 2022 во 10:55
Педесет годишниот Д.Ц од Велес во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека подолг период неговата сопруга со којашто е во бракоразводна парница му се заканува.
-На 27.06.2022 во 09.00 во СВР Велес. Д.Ц.(50) од Велес пријавил дека подолг период
неговата сопруга, со која се во бракоразводна парница, му се заканувала, соопштија од СВР Велес.
Оттаму информираат дека се работи на расчистување на случајот.