Велешанка нападната во хотелска соба од поранешното момче
Објавено на 6 септември, 2022 во 10:09
Триесет и пет годишна велешанка пријавила дека во хотелска соба во село Петровец, скопско, е физички нападната од нејзиното поранешно триесет годишно момче. Таа случајот го пријавила, вчера, околу 03:00 часот, во Полициското одделение Петровац.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.