Велешките гимназијалци ги поканија велешани: Дојдете во сабота на хуманитарен настан за помош на Јован Туфекчиев

На хуманитарен настан на кој ќе се продаваат храна, книги, играчки и изработки од учениците во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, средношколската заедница од ова велешко училиште се вклучува во акција за собирање на парични средства за да му помогне на две годишното дете, Јован Туфекчиев, од Велес коешто се бори со тешка болест.
Гимназијалците ги покануваат велешани да дојдат на хуманитарниот штанд што ќе го постават во младински парк во сабота, 9 април, помеѓу 12:00 и 16:00 часот, за Јован да биде здрав и среќен.
Креативните гимназијалци организираат забава со музика што ќе свири во живо. Тие до своите сограѓани упатија и порака: „Дојдете на музика во живо и на добра забава во што поголем број. Ајде да покажеме дека заедно можеме да направиме многу!“
Стефани Манева
