Верниците ја слават Света Петка, црквата под манастир „Свети Димитрија“ во Велес преполна и со голем број на кумови (фото и видео)

Објавено: 8 август, 2026, во 12:55 часот

Река од верници, денеска, од раните утрински часови се слеа кон црквата „Света Петка“ која се наоѓа под манастирот „Свети Димитрија“ на јужниот излез на Велес. Ова е само еден од неколкуте духовни храмови во градот и на територијата на општината каде од вчера вечер во чест на светицата се служат богослужби пред голем број на граѓани.

Во црквата „Света Петка“ свештениците на Епархија Повардарска ја раководеа богослужбата додека граѓаните доаѓаа, палеа свеќи, се поклонуваа пред иконата на светителката, оставаа дарови и присуствуваа на духовното славење на нејзиниот лик и дело.

Над 30 граѓани, денеска, беа кумови на одбележувањето на верскиот празник кој што започна со крстење на вода, од страна на свешено лице, а потоа и со пеење на панагиите и погачите.

Сите кумови си имаа покането гости и како што рекоа кумството го прифатиле во знак на почитување на светицата и за среќа, радост и благодет во нивните и домовите на семејствата на децата и родителите.

На крајот од честењето на повиканите гости, голем број од нив, околу 20 сеттина се пријавија за кумови на одбележување на верскиот празник, вгодина.

Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век. ем број верници, вечерва се упатија кон манастирот во Велгошти каде традиционално денот на светицата се одбележува масовно.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.