(видео) Документарен филм „Патоказ кон знаењето“ – 60 години ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес
Објавено: 18 декември, 2025, во 10:07 часот
Во салата на киното „Киноверзум“ во Велес се одржа централната манифестација по повод 60-годишниот јубилеј на ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес. Настанот, организиран во рамките на патроните активности и под мотото „60 години традиција, знаење и успех“, собра бројни ученици, наставници, поранешни вработени и гости.

Централно место во програмата имаше проекцијата на документарниот филм „Патоказ кон знаењето“, кој низ архивски материјали и сведоштва го прикажува развојот, вредностите и успешното работење на училиштето во изминатите шест децении.

Пред филмската проекција, учениците изведоа значајни творби од патронот Коле Неделковски, а со поздравен говор пред присутните се обрати и директорот на училиштето, Горан Богоевски, истакнувајќи ја улогата на училиштето во образовниот и општествениот живот на градот.
Во продолжение може да го погледнете документарниот филм „Патоказ кон знаењето“.
Стефани Манева


