(Видео и фото) Хуманитарен настан „Тоше во срце те носиме“ на ССОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес

Во перформанс потсетија кој беше и сеуште е омилен, драг и почитуван лик на македонската музичка сцена. Училишен бенд составен од професори и ученици ги музицираа и интерпретираа најубавите композиции на Тоше Проески. Настанот во организација на професори и ученици на ова средно училиште се одржа денеска во Амфитеатар на Младински парк Велес.


Со едноминутно молчење сите присутни на настанот му оддадоа почит на трагично загинатиот пејач и кантавтор. На ваков начин, втора година по ред, гимназијалците, го одбележуваат 16-ти октомври, денот кога Македонија и секој Македонец се збогуваа со големата музичка ѕвезда од нашата естрада.

Присутните ученици и возрасни граѓани, поточно ученици од основните и средните училишта, од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“, фанови и почитувачи на ликот и делото на македонската национална гордост а меѓу нив и градоначалникот Марко Колев, со внимание слушаа за големината на Тоше Проески и не само на музички туку и на спортски и особено на хуманитарен план.

На штанд на велешки Црвен Крст активисти поставија касичка во која се собираа хуманитарни, парични прилози на настанот.

Во подготвениот перформанс учествуваа учениците Филип Настов, Јана Пљокова, Изабела Жабева, Кристијан Мартинов, Марија Игнова, Марио Заеков, Сандра Јосмов, Андреј Димовски и Милена Димова.
Во музичкиот колаж учество земаа учениците од училишниот бенд: Филип Настов, Ива Ракиџиева, Михаил Петковски, Стојан Димовски,Кристина Станишева, Филип Андоновски, Ангел Богоевски, Андреј Цецев и Матеја Андреева.
Во рамките на настанот „Тоше во срце те носиме“,организиран од учениците со помош на професорите Магдалена Сарагинова, Јулијана Михова и Атанас Зафиров, беше пуштен и гулаб како симбол на непреболот по младиот музичар,пејач,кантавтор и хуманитарец Тоше Проески.
Убавка Јаневска
