(Видео и фото)Пешевска: Шаќири вети враќање на ингиренциите над ООУ„Тодор Јанев“ на Општина Чашка и разгледување на работењето на в.д директорката, дополнително ќе се разговара за албанската паралелка

Објавено на 30 ноември, 2023 во 18:39

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска, дојде во зградата на Општина Чашка и оствари средба со Градоначалникот Горан Стојановски, од кого пред неполни шест месеци, ги одзеде ингиренциите врз работата на ООУ„Тодор Јанев“ како и со претставници на Совет на родителите. По состанокот не даде изјава за медиумите, ги одмина набрзина како при влегување така и на излегување. За тоа што разговарале, внатре, на состанокот, собраните граѓани на населба Чашка ги информираше претседателката на Советот на родители, Цвета Пешевска.

При излегувањето на министерот Шаќири, од зградата на Општина Чашка, граѓаните револтот го изразија со свирежи и скандирање „Македонија“.

И додека внатре, во зградата на Општина Чашка, траеше состанокот пред зградата голем број од собраните жители на населбата пееја македонски патриотски песни.

Денешното доаѓање на министерот за образование Јетон Шаќири во Чашка го побара Советот на родители на протестот којшто се одржа изминатиот петок во центарот на населбата. Денешната средба следи откако родителите ја бојкотираат наставата и секојдневно протестираат пред влезната врата на зградата на училиштето со што се спротивставуваат на одлука на министерството за изведување на настава на Албански јазик во училиштето. Советот се спротивстави на одземените ингеренции на Општина Чашка врз училиштето и на смената на директорот. Исто така, членови на ова училишно тело укажаа на повеќе прекршувања како што се Законот за реонизација и Статутот на училиштето. Исто така и на преадаптирање на спална во училница за изведување на настава за шест првачиња на програма на Албански јазик по неколку месеци откако училишниот интернат е затворен поради не верифицираност како и на според нив повеќе прекршувања на закони и постапки од страна на новата в.д директорка, поставена од страна на министерството.

Денеска Советот на родители остана на констатацијата дека родителите нема да ги пуштаат на настава своите деца и секојдневно ќе протестираат пред училиштето се до исполнување на дадените ветувања на министерот Шаќири.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.