Викенд е за филм и пуканки: Еве што може да гледате во велешкото кино

Објавено на 17 февруари, 2023 во 10:35

Овој октомвриски викенд поминете го во кино со добар филм и пуканки. Велешкото кино на репертоар има неколку филмови коишто ќе ви го задржат вниманието но ги нема заборавено ниту најмладите велешани и за нив има одвоено два детски филмови.

Денеска, петок, 17 февруари, на кино репертоарот се филмовите  „Ентмен и Осата: Квантоманија“ од 18:00 часот и третиот и последен дел од  „Магичниот Мајк: Последен танц“ со почеток во 21:00 часот.

Во сабота, кино салата од 12:00 до 16:00 часот е “резервирана” за најмалите велешани, поточно од 12:00 часот е закажан филмот „Приказни од скриениот  град: Безстрашната Дејзи“, потоа од 14:00 часот „Фараонот, дивјакот и принцезата“ и од 16:00 „Астерикс и Обеликс: Средното кралство“. Додека од 18:00 часот ќе се прикажува филмот „Ентмен и Осата: Квантоманија“ од 18:00 часот и за крај „Каква врска има љубовта со тоа“ од 21:30часот.

Недела пак, од 12:00 и 14:00 ќе се прикажуваат истите детски филмов од претходниот ден со што во 16:00 часот ќе може да го гледаат „Мачорот во чизми: Последна желба“. Од 18:30 можете да го гледате „Ентмен и Осата: Квантоманија“, додека од 21:30 „Магичниот Мајк: Последен танц“.

Исто така, во продолжение на фотографијата можете да ги погледнете и термините за филмови од понеделник до среда, 22 февруари, годинава.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.