Во Центар за вработување Велес активна мерката претприемништво – самовработување со кредитирање
Евидентираните невработени лица како активни баралите на работа во Центар за вработување Велес, кои имаат желба да започнат сопствен бизнис, до 21 јуни, годинава, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.
-Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места (вклучувајќи го и кредитобарателот), односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем, објаснуваат во огласот од Агенција за вработување.
Рокот на враќање на средствата е 7 години со вклучен грејс период од 1,5 година без оглед на износот на кредитните средства со каматната стапка од 1% на годишно ниво.
Сопственото учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на бараниот кредит, во вид на опрема, предмети и/или пари.
-Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит, додаваат од Агенција за вработување.
Барањето за кредит може да се поднесе во Центарот за вработување Велес, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, до 21 јуни, годинава. На лице место може да се добијат и подетални информации.
Исто така, заинтересираните невработени лица можат да аплицираат и електронски преку системот е-Работа (https://e-rabota.av.gov.mk).
Стефани Манева