Во дом на велешанец пронајдена малолетничка која во СВР Скопје била пријавена за бегалка
Објавено на 24 јули, 2024 во 12:23
Осумнаесет годишниот В.В од Велес, вчера, во 12:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при Сектор за внатрешни работи Велес поради сомнение за сторено кривично дело по член 197 од Кривичниот законик.
-Во неговиот дом била пронајдена малолетничка за која на 13.07.2024 нејзината мајка Н.М.(41) од Скопје во СВР Скопје пријавила дека се оддалечила од домот. В.В. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ке биде
поднесена пријава, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Дума.мк