Во изминатото деноноќие две кражби во Велес

Објавено на 3 февруари, 2023 во 10:22

Сектор за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 2 февруари, на територија на Општина Велес биле извршени две кражби.

Првата кражба била извршена во продажен објект во Велес околу 10:00 часот, кога триесет и едно годишниот велешанец М.З одзел повеќе предмети. Еден час подоцна, од страна на полициски службеници од СВР Велес лицето било лишено од слобода.

Втората кражба била извршена во зграда на улица „Вардарска“ во Велес. Педесет и едно годишниот Р.А од Велес украл повеќе предмети, полициски службеници излегле на местото и набргу, по преземени мерки, го пронашле краделот. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, соопшти дека по целосно документирање на двата случаи ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.