Во јунскиот уписен рок запишани 497 нови средношколци во Велес

Објавено на 9 јули, 2021 во 14:26

Во новата учебна година во четирите велешки средни училишта се запишале вкупно 497 ученици од кои 446 од Велес и 51 ученик од околните општини.

Најголема заинтересираност деветто одделенците покажале за смерот Медицински сестри во ССОУ „Димитрија Чуповски“ како и образовниот профил Електротехничар за компјутерска техника и автоматика во ССОУ „Коле Неделковси“, овие две паралелки се целосно пополнети.

Во паралелките за дуално образование во ССОУ „Коле Неделковски“ во образовниот профил Автомеханичар и Заварувач се запишале 18 ученици и во образовниот профил Техничар за производно машинство се запишале 15 ученици.

Во паралелките за дуално образование во хемиското училиште во образовниот профил Месар и Пекар се запишани седум ученици и во образовниот профил Техничар за заштита на животна средина 24 ученици.

Досега вкупно 215 ученици се запишале во ССОУ „Коле Неделковски“, потоа 127 во ССОУ „Димитрија Чуповски“, во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ се запишале 102 ученици на македонски наставен јазик и 13 на албански наставен јазик. Во јунскиот уписен рок, во средното економско училиште „Јовче Тесличков“ се запишале 40 деветто одделенци.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.