Во продолжениот празничен викенд полицијата постапила по две нарушувања на јавен ред и мир, исто толку пријави на жени за вознемирување или ќотек од мажи
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера во 16:40 часот ги привеле М.В.(23) и Е.Д.(22), двајцата од Велес како и Д.К.(30) од Струмица, поради тоа што кај место викано „Плочата“, по претходна вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале и Б.„Н“., С.Ј.(38) и М.В. од Велес.
„Се преземаат мерки за расчистување на овој и на следните случаи пријавени во полициските станици на Сектор за внатрешни работи Велес,“ соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска.
Портпаролката, исто така, информираше и за случка пријавена во петокот, на 8 декември, во 21:45 часот во Полициска станица Неготино од страна на 54 годишна жена, од неготинско, во која таа се жалела на агресивно однесување и упатени закани од страна на а нејзиниот сопруг А.М.
Четириесет и пет минути претходно,исто така, во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(48) од Велес, постапувајќи по пријава според која тој физички и психички ја малтретирал својата сопруга и покрај тоа што таа го променила своето престојувалиште не прекинал со вознемирувањето. „Во присуство на социјален работник со неа бил извршен службен разговор во полицискта станица, по што било поднесено барање до судот за итна мерка за неприближување до домот каде што жената престојува. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.“
Велешкиот Сектор на Министерството за внатрешни работи исто така соопшти и за две случки од вчерашниот ден во Каварарци. Првата се однесува за постапување на полициски службеници на ОВР Кавадарци по пријава во 14:00 часот кога го лишиле од слобода С.Д.(41) од Кавадарци, затоа што во семејната куќа, по претходна вербална расправија, физички ја нападнал неговата 39 годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител. Втората се случила рано утрото во 4:00 часот на ул.„Илинденска“ во Кавадарци кога полициски службеници на ОВР Кавадарци ги привеле во полициска станица Ј.Ж.(19), С.Н.(19), Ј.К.(18) и В.А.(20), сите од Кавадарци за нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на истата улица во градот.
Убавка Јаневска