Во сабота, крводарителска акција со Извиднички одред „Димитар Влахов“
Објавено на 15 февруари, 2024 во 11:13
Општинската организација на Црвен крст од Велес, во сабота, на 17 февруари, заедно со Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ организираат крводарителска акција на која ги покануваат сите хумани граѓани да земат учество.
-Со дарувањето да дадеме наш придонес за јавното здравје и да спасиме што повеќе животи. Крводарителството е врвен чин на хуманост. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот, велат од велешки Црвен крст.
Крводарителската акција ќе се одржи во просториите на Младински центар Велес со почеток во 10:00 часот и ќе трае до 15:00 часот.
Стефани Манева