СВР Велес: Уапсени шест велешани кај кои била пронајдена дрога

Сектор за внатрешни работи Велес преку ифнормира дека вчера, полициски службеници лишеле од слобода шест велешани кај кои била пронајдена дрога.
Првиот велешанец, четириесет и две годишниот С.С бил лишен од слобода во 10:00 часот на улица „Петар Алчев“. Полицајците кај него пронашле и одземале бела прашкаста материја.
По два и пол часа, на улица „Васил Ѓоргов“, полициски службеници го лишеле од слобода и четириесет годишниот А.Д кај кого била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
-За настаните бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од СВР Велес.
Во 16:00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишеле и велешаните С.Т 49, Л.Л 37, П.С 32 и С.Л 29.
-При претрес во домот на С.Т. и Л.Л., извршен со судска наредба и во соработка со Единицата за службени кучиња, а во кој биле затекнати Р.С. и С.Л., кај С.Т. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и една дигитална вага, додека кај Л.Л. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја , таблети екстази, две дигитални ваги и пиштол „Екол“, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот,
против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк
