Во велешка болница хоспитализирани се 44 ковид пациенти, 18 на кислородна поддршка
Во Општа болница Велес хоспитализирани се вкупно 44 ковид пациенти од кои потврдени позитивни се 34, еден пациент е сомнителен и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во текот на денот примени се четворица пациенти. Од нив двајца се лекуваат на Инфективно одделение и двајца во Модуларна болница од кои еден е преместен од Интерно одделение и еден пациент е донесен со Итна медицинска помош, соопшти портпаролката на велешка болница, д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 18 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 21 пациенти, на Интерно одделение четворица пациенти и во Модуларна болница 23 ковид пациенти.
Во текот на денот испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева