Во велешка болница се лекуваат девет ковид пациенти
Објавено на 1 април, 2022 во 10:55
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка е само еден пациент. Во изминатите 24 часа нема ни новопримени ниту испишани пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат тројца и на Интерно Б одделение шест пациенти.
Стефани Манева