Во велешката болница се лекуваат 46 ковид пациенти

Објавено на 14 мај, 2021 во 15:26

Во велешката болница хоспитализирани се 46 ковид пациенти. Од нив 35 се потврдени позитивни, шест сомнителни и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 27 ковид пациенти.

На Инфективно одделение се лекуваат 22 пациенти, на Интерно одделение седум и во Модуларна болница 17 ковид пациенти.

Во текот на денешниот ден, испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.