Волонтери на Црвен Крст Велес на услуга на стари и изнемоштени лица

Објавено на 15 ноември, 2021 во 10:44

Мобилни тимови на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Велес, почнувајќи од денеска, 15 ноември, во наредните 20 работни денови бесплатно ќе вршат достава на храна, лекови како и средства за хигиена за стари и изнемоштени лица. 

Сите граѓани коишто имаат потреба можат да ги контактираат волонтерите на Црвен крст, секој ден од 09:00 часот до 15:00 часот со цел да им ги набават потребните производи и бесплатно да им ги достават.

Оваа активност е организирана како дел од одбележувањето на Неделата за грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“.

Волонтерите на Црвен Крст РСМ Општинска организација Велес, може да ги добиете на телефонските броеви:

– 043/231-537

– 071/274-223

– 076/368-066

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.