Волонтери на велешки Црвен Крст ги сослушаа проблемите, барањата и потребите на возрасните граѓани

Објавено на 18 ноември, 2022 во 10:35
Фото: Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес

Волонтери на велешки Црвен Крст како и стручна служба посетија 10 домови на пензионери во градот. На овие средби тие ги слушнаа проблемите со коишто се соочуваат повозрасните лица, како и нивните барања и потреби. За време на средбите, пензионерите беа запознати со можностите за помош и асистенција кои ги нуди оваа организација.

– Во текот на денот беше остварена средба и со првите лица од Здружението на пензионери и Активот на жените кои функционираат во рамки на ове здружение. Ова се традиционални активности кои се реализираат секоја година под мотото „Сите сме нивни деца“, пишува во соопштението на Црвен Крст, Општинска организација Велес.

Фото: Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Велес

Овие посети се дел од одбележувањето на „Неделата за грижа на стари лица“ којашто започна на пред четири дена и ќе трае до недела, 20 ноември.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License