Возило од БиХ излетало од автопат кај Велес, жена со тешки повреди пренесена од велешка болница во скопски Клинички центар
Објавено: 6 август, 2025, во 13:23 часот
Сообраќајката се случила, вчера попладне, околу 16:45 часот на делницата од автопатот А1, во правец од Велес кон Градско. Таму патничкото возило „бмв“ со босанскохерцеговачки национални ознаки, управувано од С.В.(32) од Босна и Херцеговина, излетало од патот. Незгодата била пријавена во Сектор за внатрешни работи Велес.
Портпаролот на Општа болница Велес, др Ванчо Граматов, вели дека во потешка здравствена состојба била жената.
-Пациентите, двајца странски државјани, беа прифатени од специјалисти хирурзи во болницата. По специјалистичките прегледи тие беа упатени на Рентген и снимања на Компјутерски томограф. Во потешка, поточно здравствена состојба на здобиени скршеници на нозете и рацете беше пациентката Т.Р, за која веднаш обезбедивме место и транспорт до Клинички центар Скопје. Мажот, С,В, имаше здобиено исекотени на главата и го задржавме на опсервација во велешка болница. Претпладнево тој е пуштен на домашно лекување, додаде др Граматов.
Од СВР Велес соопштија дека на местото на сообраќајката бил извршен увид од страна на екипа на овој сектор.
Убавка Јаневска


