Вработени и родители во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ даруваа крв
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/05/347263379_796963282082263_177760570474564024_n.jpg)
Триесет и девет крвни единици беа собрани денеска, на крводарителската акција во основното општинско училиште „СВ. Кирил и Меториј“. Истата се реализира по повод претстојниот патронен празник на училиштетот, 24 мај, денот на Ден на сесловенските просветители и учители. Вработени, родители на ученици но и граѓани од Велес ја подадоа својата рака и даруваа од својата крв со цел да спасат човечки живот.
Според Црвен крст Велес оваа крводарителска акција е многу успешна и со нејзина реализација продолжува традицијата во ова училиште да се реазлизира еднаш годишно, како што беше и пред пандемијата со Ковид-19.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/05/347548955_734885685087680_5560235014182061465_n.jpg)
Крводарителската акција заеднички ја изведоа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)