За пет дена, повторно мртва жена пронајдена во куќа во Кавадарци
Објавено на 28 април, 2021 во 13:54
Во ОВР Кавадарци, од страна на Итна медицинска помош, на 27 април, вчера, во 18:50 часот, било пријавено дека во куќа на улица „Народни Херои“ во сопственост на Б.Н (75), била пронајдена почината Б.Р на 67 годишна возраст, германска државјанка. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, без траги на насилство.
Како што стои во соопштението од Сектор за внатрешни работи Велес, починатата повеќе години живеела на адресата заедно со сопственичката Б.Н.
По наредба на Јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од ОВР Кавадарци, додека телото на починатата жена било предадено на обдукција.
Стефани Манева