Загина маж од струен удар на Железничка станица Демир Капија

Објавено на 20 јуни, 2023 во 23:48

Маж, најверојатно мигрант, жртва е на струен удар од далековод на Железничката станица во Демир Капија. Тој загинал откако се качил на кровот од вагон и ја допрел инсталацијата која што е под напон.

Несреќата се случила околу 17:00 часот. Петнаесеттина минути подоцна Македонски Железници за несреќата го известиле  регионалниот Центар за управување со кризи. На лице место излегле екипи на  МВР, Пожарна и Брза Помош.

Полицискиот увид траел скоро три часа и исто толку време бил во прекин железничкиот сообраќај на пругата Скопје – Гевгелија.  По околу три часа, поточно, во 20:05 часот нормализиран е сообраќајот на пругата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.