Жена удрена од автомобил на пешачки премин под градска Пошта

Објавено на 24 март, 2023 во 11:50

Четириесет и осум годишна жена претпладнево околу 10:30 часот беше удрена од автомобил додека го поминувала пешачкиот премин под градската пошта во Велес. Жената се здобила со повреди на колк и на колено вели др Маријан Мишев од Итна медицинска помош.

-Интервениравме на лице место и извршивме мобилизација и транспорт на пациентката на Одделението за Ортопедија во велешка болница. Жената беше контактибилна, свесна и ориентирана и се жалеше на болки во пределот на колкот и коленото, додаде др Мишев.

Портпаролката на велешка болница, др Елена Левкова Ќулумова, кажа дека по направените прегледи во болница, констатирано е дека пациентката се нема здобилено со скршеници но е задржана на опсервација во болница.

Повеќе информации за случената сообраќајна незгода се очекуваат од СВР Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.