Зоран Јаневски нов в.д директор на ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ Велес

Објавено на 22 ноември, 2022 во 14:39

Вршител на должоста в.д директор на Јавното претпријатие „Парк, спорт и паркинзи“, од седми октомври годинава, е велешанецот Зоран Јаневски. Тој е дипломиран инженер по безбедност и здравје при работа, од 1996 година, на Машински факултет во Скопје. Јаневски претходно работел како советник во локален економски развој во Општина Велес. Исто така, четири годинишно работно искуство има и како стручен соработник за безбедност и здравје при работа во Врховен Суд во Скопје.

Дума.мк го праша за плановите и активностите коишто ќе се извршува во ова претпријатие откако е назначен за в.д директор.

-Со оглед дека ситуацијата во салата е доста сложена и тешка, имаме планови за во иднина, но засега најбитно ни е да ја разгледаме целосно состојбата во претпријатието. Со оглед на тоа дека завршува оваа календарска година, ќе направиме нов план и програма за 2023 година со којашто искрено верувам дека дел по дел ќе може да се реализираат сите планови, рече Јаневски.

Инаку, Зоран Јаневски е дел и од граѓанскиот сектор. Тој меѓу велешани е познат како претседател на здружението „Велес Бајкинг“ коешто веќе девет години постои и успешно функционира.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.