Борачите се вратија во сала, легендата Ангел Мицев – Скакар годинава одбележува јубилеј

Објавено на 1 јуни, 2021 во 16:16
Ангел Мицев – Скакар и Игор Мицев

Во годината кога боречкиот клуб„ Борец“  бележи 60 години постоење, активностите се зголемуваат. Поминато годишните и на почетокот на годинава минимални активности заради пандемијата  сега веќе редовно се тренира и настапува на државните првенства и турнири. Најголеми се успесите во пионерска конкуренција на држаните првенства каде се освоени две први и неколку втори и трети места. Двајца борачи се земени во составот на државната репрезентација за пионери.

Борачите се вратија на борачките душеци

Овие постигнати резултати се причина за задоволството што не го крие тренерот на клубот Игор Мицевски.

Игор Мицев

-Пети сме во целокупниот пласман во сите конкуренции од 18 екипи во државата. Очекувам уште подобри резултати бидејки веќе тренираме редовно во салата „Гемиџии“. Финансиската состојба е подобрена. Благодарение на федерацијата добивме комплет нова опрема за тренинзи, реквизити и најнови душеци со церада,  по стандарди за одржување на настани од највисок ранг. Дека борењето се враќа во Велес  на голема врата говори податокот што во клубот тренираат и настапуваат и девојки, додаде Мицевски.

Во план е голем Меѓународен турнир во октомври, годинава, и со кои ќе се одбележи 60 годишниот јубилеј од постоењето на клубот.  Втор многу значаен момент  е шест деценискиот јубилеј што ќе го одбележи основоположникот на боречнкиот спорт во Велес, поточно Ангел Мицев –  Скакар . Тој годинава ќе одбележи 60 години активно борење и како и тренерска улога. Сега Ангел Мицев – Скакар е претседател на клубот БК „Борец“ Велес. Тој пред две седмици беше дел од Организациониот одбор на европското првенство за борачи до 23 години.

Лазар Лазаревски                                                                                  

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.