Дербито на првата женска фудбалска лига во Велес без победник

Убав и интересен натпревар проследија гледачите на градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес во кој домаќинките на ЖФК „Борец“ и гостинките на ЖФК „Љуботен“ од Тетово одиграа нерешено, 1 : 1.
Играчите на двете екипи одиграа бескомпромисна со многу трчање дуел игра.
Во првиот дел од натпреварот гостинките ја имаа топката во „свои нозе“, ја контрлираа играта и во 21 минута преку венецуелката Лизкано Марија стигнаа до заслужено водсво.
Во втриот дел на натпреварот сосема нова глетка на теренот. Домашните фудбалерки доминираа и постојано напаѓаа. Во 62 минута на натпреварот стигна до заслуженото израмнување со голот на нигеријката Досуму Адетаун.

До крајот на натпреварот беше прикажана голема битка за секоја педа од теренот, неколку шанси на обете страни но мрежите останаа празни. Олгица Арсовска, голманката на „Борец“, која беше на висина на задачата за Дума.мк изјави:
-Денешниот, беше цврст натпревар на две добро подготвени екипи. Одличен натпревар и можеби нерешениот исход е најреалниот епилог на средбата. Годинава првенството ке биде многу интересно бидејки пет, шест екипи се со квалитетни состави, меѓу кои е и нашата екипа, која атакува на титулата. На домашен терен не можеме да го скршиме „мразот“ и да победиме, рече Арсовска
По одиграни осум кола „Борец“ на домашен терен има три нерешени средби и еден пораз а на гостувањата четири победи.
Лазар Лазаровски
