Фудбалерите на „Борец“ се здрави и подготвени за дуелот со скопски „Работнички“

Објавено на 6 август, 2021 во 11:58
Тренинг на ФК„Борец“ на градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес

Фудбалерите на „Борец“ денес го имаа задолжителниот медицински преглед пред гостувањето во Скопје  и натпреварот со екипата на „Работнички“ на стартот на првенството на првата фудбалска лига. Расположението кај играчите е на високо ниво и очекуваат успешен почеток на сезоната. Радува податокот дека нема повредени играчи и целиот потенцијал е  во комбинација  за натпреварот.

Борче Христовски

Шефот на стручниот штаб  Борче Христовски е оптмист.

-Во сабота после тренингот одиме во карантин до почетокот на натпреварот. Имавме успешни подготовки и очекувам добра сезона. Прво коло е и неблагодарно е да се прогнозира . „Работнички“ има квалитетен состав но ќе направиме се да стигнеме до поволен резултат. Не мачи реализацијата и се работи на доведување на проверен шпиц фудбалер, додаде Христовски.

Петар Ранготов

Спортскиот директор Петар Ранготов е убеден  во успешен старт.

-Имаме многу нови, пред се млади играчи, кои имаат голем потенцијал. Ќе треба време за уигрување и нивен напредок. Со „Работнички“ ќе биде тешко но, нека ја мислат тие. Добро сме подготвени, играта е добра. Недостасува реализацијата но можеби во Скопје ќе “профункционираат” стрелците, додаде Ранготов.

Тренинг денеска на фудбалерите на „Борец“ на градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес

Натпреварот помегу „Работнички“ и „Борец“ се игра  во недела, на 8 август, со почеток во 17 часот и 30 минути.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.