Голем успех на возачите на „Мото Велес“ на првата трка од Државниот шампионат во Ендуро за 2023 година
Мото клубот „Мото Велес“ вложи голем труд со цел одлично да ја организира и да ја оспособи патеката којашто во 2019 година беше направена, но поради обилните врнежи истата беше оштетена. Претседателот на клубот Сашко Ванов рече дека со помош на ЈКП „Дервен“ и волонтерите на клубот во рекордно време ја подготвија трката.
-Сите возачи коишто учествуваа на трката во неделата, се презадоволни како од патеката така и од организацијата. Повеќекратниот шампион Драган Ванов и покрај паузата од година и половина, убедливо доминираше во сите елементи на Ендуро спортот и уште еднаш докажа дека е возач од светски ранг. Нашиот возач Самир Бишевац убедлво победи во Ејуниор класата, додаде Ванов.
Според него, возачите имале среќни лица иако биле уморни, бидејќи возеле три круга во вкупна должина од 120 km вклучувајќи го и тестот којшто бил технички одлично направен по сите светски стандарди на Ендуро.
Следната трка ќе се одржи на 28 август во Куманово на патеката „Забел“.
Стефани Манева
фото: