Големи играчки промени кај новиот второлигаш

Објавено на 18 август, 2021 во 13:35

Новиот второлигаш екипата на „Локомотива“ од Градско од 7 ми јули ги започна подготовките за престојното првенство. Тренинзите се одвиваат на стадионот во Градско каде има услови какви само може да се посака, одличен терен и сите потребни реквизити и опрема.

Во разговор со шефот на стручниот штаб, Диме Тодоровски, дознавме дека за време на подготвителниот период продифелираа голем број на играчи. Тодоровски е изненаден од некои случувања.

-Зачудувачки и за жал е што од стариот состав кој направи историски успех со пласманот во втората лига останаа само два играча. Оние кои очекував да бидат носители на играта си заминаа или не тренираат. На првата прозивка беа речиси сите, но како минеше времето сами се откажуваа или си одеа од клубот. Ќе ги споменам Цимишиќ и Мемков кои отидоа во странство, Казимов го нема заради несредени финансиски проблеми со клубот, некокумина играчи се во  редовен работен однос и  не можат да одговорат на обврските и тренажниот процес. Два играча  за време на подготовките заминаа на годишен одмор што за некој кој сака да игра во втора лига е незамисливо. Дел од играчите играат на турнири во мал фудбал па не тренираат, додаде Тодоровски.

На прашањето како се справува со ваквата состојба, Тодоровски е дециден.

-Сето ова допринесе  да ангажираме нови играчи, а нивното уигрување оди споро. Голема е разликата меѓу трета и втора лига. Тука екипите се силни и добро подготвени. Идеата ни беше да створиме стабилен второлигаш, оптимист сум императи ние сега опстанокот, но зошто не и пласман во срединста на табелата. Да споменам и дека  од прволигашите „Борец“ и „Тиквеш“ добиваме неколку играчи кои во моментов добро ќе ни дојдат, завршува Тодоровски.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.