На градски стадион „Зоран Паунов“ пораз на „Борец“ од „Академија Пандев“,решавачкиот гол по сомнителен недосуден прекршок

ФК „Борец“ изгуби од „Академија Пандев“ со резултат 1:2 а тоа е непријатен пораз за новиот тренер на велешкиот клуб, Јане Николоски . Тој своето деби на клупата на „Борец“ го започна со загубен натпревар.
Гостите го отворија натпреварот со голот на Мирчевски во 32 минута. Израмнувањето стигна во 63 тата минута преку домашниот фудбалер Ѓоргевиќ. Во 85тата минута струмичани со голот на Шаркоски стигнаа до ново водство и победа. На голот предходеше сомнителен момент, прекршок над играч на Борец, којшто не беше досуден. Тоа предизвика бурни реакции како од публиката така и од стручниот штаб на „Борец“.

Со овој пораз „Борец“ е се поблизу до самото дно на табелата и како стојат работите претстои борба за опстанок во првата фудбалска лига.
Лазар Лазаровски
