Натпреварот со ФК „Скопје“ не беше наместен, кризата во ФК „Борец“ ќе се надмине
Фудбалскиот клуб „Борец“ по одиграни 9 кола во првата фудбалска лига го зазема десетото место со 7 освоени бода. И покрај малото бодовно салдо шефот на стручниот штаб, Борче Христовски е оптимист.
-Имаме најмлад тим во лигата со просек од околу 22 години. Играме и ствараме тим што е тежок процес. Кога има толку млади играчи осцилациите се неизбежни. Тие играчи не може да „стасаат“ преку ноќ. Неискуството допринесе да сме пократки за неколку бода пред се на средбите со „Македонија Ѓорче Петров“, „Работнички“ па и со „Брегалница“. Да споменам дека бевме оштетени на неколку натпревари каде ни судеа непостоечки пенали и слично. Условите во кои работиме се добри. Финансиски освен спонзорите клубот никој не го помага. Во соседните градови сликата е поинаква. Покрај спонзорот клубот го помагаат и општините и добро стоечките компании, додаде Христовски.
За гласините дека натпреварот со ФК „Скопје“ е сомнителен заради високите коифециенти во обложувалниците и постигнатиот резултат, Христовски е категоричен.
– Такво нешо нема, имавме пет до шест изгледни шанси и ако стрелците реализираа сега ќе зборувавме на друга тема. Напаѓачите затаија и тоа е причина за поразот. Кризата со падот на формата ќе ја надминеме и се ќе биде како што планираме, додаде Христов.
Спортскиот директор, Петар Ранготов, исто така е убеден дека има иднина за Борец.
-Ги следиме настаните, се работи добро и стручно. Нормално кога имаме вака млад тим да има некој бод помалку но децата се квалитетни и ќе ги надоместат планираните бодови. Тренерот и играчите имаат подршка од луѓето кои го водат клубот. Имаме квалитет а со тоа и бодевите и победите ќе дојдат, додаде Ранготов.
Лазар Лазаровски