Отворена изложба на фотографии по повод „100 години ФК Горски“

Објавено на 29 август, 2022 во 11:27
Фото: Фотографија од изложбата на ФК„Горски“

По повод 100 години од постоењето на фудбалскиот клуб „Горски“, во салата на Ликовен салон е поставена изложба од фотографии и спортска опрема. Фотографиите се зачувани од ентузијасти а спортската опрема од поранешни играчи на клубот.

На отварањето на изложбата присуствуваа голем број членови на клубот од разни генерации и љубители на спортот во градот. Се доделија благодарници на заслужни за функциинирањето на клубот, на поранешни играчи, на луѓе кои го воделе клубот и на повеќе помагатели. Признанијата ги додели Тони Тонев председателот на ФК „Горски“.

Фото: Тони Тонев, претседател на ФК„Горски“ Велес

“Им благодарам на сите кои помогнаа да го одбележиме овој убав јубилеј. „Горски“ е синоним на градот и заслужи на ваков убав начин да го прославиме 100 годишното постоење,” рече Тонев.

Лазар Лазаровски

Фото галерија:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.