Петта победа на ЖФК „Борец“ на петто гостување

Објавено на 4 декември, 2021 во 18:49

Фото: Архива Дума.мк

Женскиот фудбалски клуб „Борец“  на гостувањето во Речица ја совлада екипата на ЖФК „Речица“  со резултат 2:0  во натпревар од деветото коло на првата женска фудбалска лига. Стрелци на головите беа Максимовиќ во 11 и Велинова во 30 минута.

Натпреварот  помина во отворена игра со напади од двата состави кои имаа свои моменти и шанси за гол.

Велешанки од повеќето создадени шанси искористија две и стигнаа до бодовите со кои остануваат во трката за највисок пласман.  Интересно е што сеуште навивачите ја очекуваат првата победа на домашен терен.

Досега фудбалерките на „ Борец“ дома, на градски стадион „Зоран Паунов“, имаат  еден пораз и три нерешени средби.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.