Одржана IV Aтлетска трка „Семос Едукација Водно 10 км“, велешанецот Димитриевски четврти додека атлетичарите на штафетата на АК „Борец“ од Велес беа втори

Објавено на 31 март, 2025 во 11:46

Со учество на 350 атлетичари и рекреативци од повеќе градови во земјава, во Скопје, се одржа четвртата Атлетска трка организирана од Aтлетски клуб „Фортису“ од Скопје и поддржана од „Семос едукација“ како и со спонзорство на уште неколку други фирми.  Атлетската трка се одржа со старт на средно Водно, над Скопје и на неа учествуваа атлетичари од велешките атлетски клубови.

На Атлетската трка на 10 км, мажи, првото, второто и третото место го освоија атлетичари на АК„Делта“ од Скопје или прв на целта стигна Григоријан Никовски со време 31:19 минути ,втор беше Александар Арсов а трет Атанас Анчевски додека четвртото место го освои велешанецот Роберто Димитриевски од АК „Велес“ од Велес и петото Сашо Богојевски од АК „Атомик“.

На трката штафета на 10 километри -ј мажи први на целта стигнаа атлетичарите на АК „Делта“ од Скопје додека втори беа атлетичарите на АК „Борец“ од Велес и третото место го освоија атлетичарите на АК „Атомик“.

Роберто Димитриевски освои четврто место на трката со одлично време од 33:30 минути додека атлетичатите од АК „Борец“ во штафета мажи освоија второ место со резултат 34:24 минути.

Сите се добитници на дипломи и на парични награди.

И во женска конкуренција на трката на 10 км, првите три места ги освоија атлетичарки на АК „Делта“ од Скопје поточно прва на целта пристигна Адријана Поп Арсова со време 33:43 минути, второто Миљана Ристиќ и третото Ирма Хајдари. Четвртото место и припадна на Билјана Кираџиева од АК „Кираџиев Тренинг Системс“ и петтото на Фросина  Михајловска од АК „Аеродром“.

На штафетната трка во женска конкуренција прва беше штафетата на РК „Македон“,втора на МС „Рун“ и трета на „Тим Басемент“.

Во мешана штафета мажи- жени првото место го освои атлетичаскиот тим „Poetry Run 1“ ,втор беше тимот на „Poetru Run 2“, a трет „506“.

Освен нив наградени на оваа атлетска трка се и натпреварувачите во возрасна категорија со над 50 и над 60 години, во машка и женска конкуренција.

Вчерашната атлетска трка организаторите ја посветија на прерано починатиот Борјанчо Мицевски од „Семос Едукација“ кој во изминатите години учествуваше на трката.

Трката на стартот започна со едноминутен молк и оддавање на почит за  сите трагично загинати 59 односно 60 во пожарот во дискотеката во Кочани.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.