Првата македонска фудбалска лига стартува викендов

Објавено на 3 август, 2021 во 11:38

На неколку дена до почетокот на првенството фудбалерите на „Борец“ продолжуваат со тренинзи на градскиот стадион „Зоран Паунов“. Според планот на шефот на стручниот штаб Борче Христов, се одигра  последниот пријателски натпревар во Струмица со екипата на „Беласица“ кој заврши нерешено 1:1.

 – Со оглед на фактот дека годинешниов состав е речиси целосно нов со нетрпение го очекуваме новото првенство за да ги видиме можностите на тимот. Тимот е појачан со квалитетни фудбалери. „Борец“  располага со стучен штаб составен од врвни професионалци за чија работа се говори во суперлативи, лугето  кои го превзедоа и го водат клубот обезбедуваат одлични услови. Сите предуслови за добра сезона се обезбедени. Но добрите познавачи на фудбалот најавуваат дека ќе треба време и многу работа  играчите  да  се прилагодат на новата средина бидејки дојдоа од разни страни и адаптирањето е нормална  појава, рече Христов.

На стартот „Борец“  гостува во Скопје и игра со „Работнички“. Колку добро би дошол добар резултат за „ветар  во грб”, за најава на успешна сезона. Нека се повтори резултатот од „генералката” во Струмица и веруваме дека навивачите ке бидат задоволни.

Како и да е се враќаме кон возбудувањата кои ги носи фудбалот во Велес и заедно се радуваме на новата фудбалска сезона како и на задоволството кое го нуди „најдобрата споредна работа” на светот.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.