Тројца велешани меѓу најдобрите во Европа, Гугинов европски јуниорски шампион во кајак спуст

Објавено: 24 ноември, 2025, во 10:51 часот

Со завршувањето на последниот Европски куп во Хланголен, Велика Британија, официјално заврши и една од најуспешните сезони за македонскиот кајак спуст на диви води во спринт. Токму велешките кајакари повторно ја впишаа Македонија и родниот град високо на европската мапа.

Младиот велешанец Благој Гугинов, член на Арка–Борец, со рекордни 469 поени стана е нов Европски шампион во јуниорска конкуренција. Одлични резултати оваа сезона донесоа и неговите сограѓани. Александар Златаров ја заврши 2025 година како трет најдобар кајакар во Европа во категоријата K1 Men Senior со освоени 405 поени. Веднаш зад него, на четвртата позиција е Љубомир Спасиќ, со освоени 366 поени.

Иако тројцата велешки репрезентативци не настапија на последниот куп во Велика Британија, нивните претходни претставувања беа повеќе од доволни за врвниот пласман.

-Гугинов е апсолутниот победник на Европскиот Куп 2025 во K1 Men Junior, освојувајќи неверојатни 469 поени и доминантно прво место во Европа. Тој е македонска гордост кој стана Европски шамион во јуниорска конкуренција, изјави Љубомир Спасиќ.

Инаку, младиот велешанец имаше извонредни настапи низ целата сезона – Фулда – 95 поени, Велес– 95 поени, Аугсбург – 100 поени, Чешка – 88 поени, Дикирх – 91 поени.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.