Велешанец победник на отварањето на сезоната на Ендуро шампионатот
Објавено на 30 мај, 2021 во 15:07
Се одржа првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 година. На патеката над езерото „Младост“ победник е Драган Ванов од „Мото Велес“ на Кавасаки со време 24:06.
Ванов и овој пат покажа дека е неприкосновен во најсилната класа Е-1. Rезултатите се следните:
На трката настапија 40-тина моторциклисти, во трите класи, на беспрекорно подготвената патека следени од голем број гледачи. Трките беа интересни со низа атрактивни скокови.
Домаќинот „Мото Велес“ и големиот ентузијаст Сашко Ванов организираа врвен настан на патека создавана со години и за која се вложени огромни средства. На патеката допрва се очекуваат одлични трки и од меѓународен карактер.
Лазар Лазаревски