Aктивно на терен за решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња

Објавено на 26 јануари, 2023 во 10:49
Фото: Заловени бездомни кучиња

Општина Битола, активно на терен презема мерки за решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња низ битолските улици, кои претставуваат опасност за граѓаните, а со тоа и дополнително оптоварување за општината, објави Апла.мк

Согласно програмата за животна средина и програмата за решавање на проблемот со бездомните животни, како и склучениот договор на општината за набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на општина Битола, економскиот оператор „ПРОВЕТАЛЕК“ДООЕЛ, од 11 ноември досега има извршено заловување и ветеринарен третман на 88 бездомни кучиња.

Активностите сеуште се во тек, а при нивното извршување утврдено е дека на територија на град Битола има континуиран прилив на кучиња од блиските приградски и селски региони и тоа: Горно и Долно Оризари, с. Поешево, Индустриски пат, село Кравари и Буково, предел над касарна со село Лавци, Брусничка населба со село Брусник, Довлеџик,  месноста над Црн мост, Баир, Ушици, и регион над тунелот  па се до село Раштани и Крклино.

Општина Битола, ги повикува граѓаните, доколку забележат испуштање на кучиња на одредени локации, да ги запишат регистарските таблички на возилата со кои се врши транспортот и за истите да информираат во општина Битола на телефонскиот број 047208317. Реоните на кои ќе се врши заловувањето во следниот период јавно ќе бидат објавени, а дополнителни реони во планот за работа ќе се предвидуваат и по барање на граѓаните.

Целиот текст прочитајте го на apla.mk.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License