АМСМ: Времен режим на сообраќај на патни правци автопат Петровец – Катланово и Блаце – Скопје
ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП “Блаце” – Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин “Блаце” на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово – рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово – Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец – Катланово ќе биде затворена за сообраќај.
ОДРОН НА ПАТОТ: На патот с.Извор – с.Иванчишта сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по прежтено влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк