Антициклон над Македонија ни носи стабилно и претежно сончево време

Објавено на 9 октомври, 2025 во 08:11

„Од денес, четврток, 9 октомври до недела, 12 октомври, под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна како и сува воздушна маса, времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели на државата повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Наутро ќе биде ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен. Во Скопје и околината температурата наутро ќе се спушта во интервалот помеѓу 8  и 10 степени а преку ден ќе се искачува во интервалот помеѓу 19 и 21 степен, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.